База на документи

За полесен пристап на заинтересираните страни до сите постоечките документи од брегалничкиот регион поврзани со зачувувањето на природата, заштитата на животната средина и одржливиот развој, како и до документите коишто се изработени во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија, формирана е база на документи, која постојано се надополнува и ажурира.
На следниов линк можете да пристапите до базата на документни подготвена во рамки на ПЗП: Документи
Jавен повик за „Спроведување на специфична кампања во Источен плански регион за придобивки од прогласување на заштитени подрачја“
Програмата и партнерите

За успешно спроведување и одржливост на Програмата за зачувување на природата во Македонија, постојано се изведуваат активности за јакнење на техничките, методолошките, комуникациските и раководните капацитети на партнерите во делот на зачувувањето на природата.
Целта на Програмата е Центарот за развој на Источен плански регион, како стратешки партнер, во иднина да биде препознаен како предводник во зачувувањето на природата во регионот, преку јакнење на неговите капацитети.



