10
Мај
2016

Се одржа петтиот модул од обуката за јакнење на капацитетите на општините

DSC_0390_pelister_info_centar

На 18 и 19 мај се одржа петтиот модул од обуката за јакнење на капацитетите на општините за надлежностите, начините и можностите за зачувување на биолошката разновидност и одржливото управување и користење на природните ресурси, со наслов „Бенефитите од управување со заштитено подрачје и одржливо управување и користење на природните ресурси – примери кај нас“. Овој модул имаше практичен аспект и претставниците на општините од сливот на р.Брегалница, како и претставниците на општините од Југоисточниот плански регион, Центарот за развој  на југоисточен плански регион и Општина Ресен, како таргет општини на проектите координирани од UNDP имаа можност да посетат заштитени подрачја и да се запознаат со начинот на нивното управување и функционирање.

DSC_0415 monitoring stanica

Првиот ден беше посетен Националниот парк „Пелистер“, вклучително и инфо центарот, каде претставникот на НП „Пелистер“ презентираше генерални информации за националниот парк, како и начинот на негово управување и интеракцијата со засегнатите страни. При посетата на Вила Дихово учесниците имаа можност да видат конкретен пример на искористување на потенцијалите од зашитено подрачје во правец на развој на алтернативен туризам.

Во текот на вториот ден, при посетата на мониторинг станицата во с.Стење беа оддржани презентации за заштитените подрачја во сивот на Преспанско Езеро, искуството на општина Ресен во управување со две заштитени подрачја, како и биосферниот резерват Охрид-Преспа. Беа посетени и инфо центарот на НП „Галичица“ како и Инфо центарот во Езерани.

DSC_0448 Brajcino

На крајот од студиската посета учесниците го посетија с.Брајчино како еден од првите примери во Македонија за развој на еко туризам, инициран со поддршка на SDC.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...