За координаторите на проектот

ФАРМАХЕМ

Фармахем е приватна компанија за промет и консалтинг, основана во 1990 година. Компанијата ја сочинуваат 5 оддели и вкупно 30 вработени со високо образование и искуство во различни области.

Фармахем своите услуги ги врши согласно меѓународниот стандард за управување ISO 9001:2008 и е една од водечките компании во категоријата на мали и средни претпријатија во Северна Македoнија. За годините 2007, 2008, 2009 и 2010 година, „Фармахем“ е добитник на прва награда за општествено одговорни претпријатија за Југоисточна Европа, во групата на мали и средни претпријатија во Северна Македонија.

Една од главните определби на „Фармахем“ е заштита и унапредување на животната средина и зачувување на природата во Северна Македонија и регионот. Поради остварување на главната определба, „Фармахем“ на почетокот од своето постоење започнува со развивање на еден нов правец на делување за тоа време, нудејќи услуги од областа на еколошкиот консалтинг, оформувајќи Сектор за еколошки консалтинг. Стручниот тим на овој сектор има големо искуство во реализација на проекти за заштита на животната средина и природата, интегрирано управување со отпадот, управување со водите и воведување на нови „почисти“ технологии. Експертизата на ,,Фармахем” е барана од меѓународни компании за заеднички настап и реализација на тековни и завршени проекти.

HELVETAS Swiss Intercooperation

HELVETAS Swiss Intercooperation е политички независна, непрофитна асоцијација специјализирана за развој и интернационална соработка.
Организацијата ги претставува искуствата на Helvetas (Swiss Association for International Cooperation) формирана во 1955 година како прва швајцарска приватна организација за развој и соработка и Intercooperation (Swiss Foundation for Development and International Cooperation) организација за пренесување на знаење, комбинирајќи ги професионалниот пристап и социјалните обврски. Делува под брендот HELVETAS Swiss Intercooperation, после спојувањето на двете организации.

HELVETAS Swiss Intercooperation, како организација за равој и соработка, е првенствено насочена кон елиминирање на причините за сиромаштијата и маргинализацијата во светот, особено на југот и истокот. Нејзината мисија е да активно придонесе во подобрување на животните услови на луѓето во руралните средини, во рамките на програмата за човекови права, кои се економски, социјално и политички обесправени.

За своите интернационални активности, HELVETAS Swiss Intercooperation има Програма која е организирана во 5 работни полиња и тоа:

  • Животна средина и климатски промени
  • Рурална економија
  • Владеење и мир
  • Вода и инфраструктура
  • Едукација и развој на вештини

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...