Програмата и партнерите
За успешно спроведување и одржливост на Програмата за зачувување на природата во Македонија, постојано се изведуваат активности за јакнење на техничките, методолошките, комуникациските и раководните капацитети на партнерите во делот на зачувувањето на природата.
Целта на Програмата е Центарот за развој на Источен плански регион, како стратешки партнер, во иднина да биде препознаен како предводник во зачувувањето на природата во регионот, преку јакнење на неговите капацитети.
Изработка на Нацрт просторен план на Источниот плански регион
Просторниот план на Источниот плански регион е втор по важност стратешки документ по Просторниот план на Република Македонија. Во овој план, зачувувањето на биолошката разновидност ќе биде еден од основните столбови врз кои ќе се темелат насоките за идната правилна намена, уредување и управување со просторот на регионот. Со изработката на овој документ, Програмата ќе го поддржи и ќе го промовира концептот за одржлив развој во Источниот плански регион.