26
Дек
2018

Екотерапија – како престојот во природа може да нѐ лечи

Модерниот начин на живеење со себе носи огромни количества на стрес кои влијаат на нашето физичко и ментално здравје. Од таму и зголемата популарност на сите активности во природа во последните години. Луѓето почнуваат да ги ценат и дознаваат сите услуги што ги нуди престојот во природа. Сe повеќе во светот медицината препорачува престој во природа како начин за справување на стресниот живот на модерниот човек.

Фотографија: Стефанија Видовски

Екотерапија е процесот преку кој ние се лекуваме преку делување на природата. Тоа се различни активности во природа преку кои се подобрува менталното и физичкото здравје. Поврзувањето со природата и престој во неа, носи многу здравствени бенефити. Преку планинарењето, пешачење, велосипедизам, алпинизам и општо преку престојот во природа ја зголемуваме физичката активност со што ја подобруваме нашата општа здравствена состојба. Преку престој во природа, во тишина и во почиста околина го намалуваме стресот со сите последици што следуваат со него. Престојот во природа е докажано дека делува и на нашето расположение. Искачување на врв или откривање на ново подрачје дури ни помага и со самодовербата.

Брегалничкиот регион со големиот број на планинарски патеки, вело патеки, високи врвови, длабоки кањони, шумите, пејзажите и голем број на езера нудат многу можности за авантура во природа, физичка активност и истражување. Сето тоа збогатено со квалитетна храна и локални продукти, регионот чека да го посетите и да уживате во сите негови убавини.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...