29
Мар
2019

Улогата на локалното население во заштита на биодиверзитет

Учеството на локалното население во заштита на биодиверзитетот е од голема значење и игра важна улога во креирањето на стратегии за управување на заштитените подрачја или пак плановите за заштита на видови.

Принципот 10 од Декларацијата во Рио нагласува дека еколошките проблеми најдобрo се решаваат доколку во нив се вметне и активното учество на јавноста. Овој метод се потврдил како многу успешен, а пример за него се големиот број на успешни еколошки кампањи и активности кои се спроведуваат низ Јужна Америка и Африка во кој се вклучени и локалното нативно население.

Според досегашните истражувања локалното население може многу да придонесе во заштита на шумите и пошумувањето, во заштита и мониторинг на загрозени видови, во следење на временските промени како и во заштита на специфични еко системи.

Сепак најголема улога локалното населени има во одржливото користење на природните ресурси и преку одржливо производство на храна.

Преку различни активности Програмата за зачувување на природата веќе неколку години директно го вклучува локалното населени во заштита на природата преку разумно користење на природата. Луѓето од Брегалничкиот регион се повеќе ги почитуваат шумите и нивното значење, започнуваат со одржливо земјоделство, се грижат за земјата и ги отвораат вратите на туристите.

Активно учество и вклучување на локалното населени во сите активности во насока на заштита се повеќе од потребни за остварување на целите и создавање на самоодржливи системи кои ќе имаат минимално влијание врз природата.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...