20
Јун
2018

Природни атрактивности во регионот на Брегалница

Регионот на Брегалница има бројни и разновидни природни вредности: геолошки, релјефни, климатски, хидрографски, биолошки и почвени. Сепак, овие вредности и појави, со исклучок на неколку, не се од национално или пошироко значење во смисла на раритетност и уникатност. Најкарактеристични природни вредности во ИПР се Лесновскиот кратер и севкупниот вулкански релјеф во неговата околина, густите шумски комплекси во Беровско (Малешевски Планини и Огражден) како и чистиот, свеж воздух на овој простор, меловите со кукуљето, богатите геотермални басени во Кочанско и др.

Ретките природни појави, простори и објекти се предложени за заштита, така што паралелно со туристичкиот развој на ИПР треба да се води сметка за тие уникатни вредности кои лесно можат да се загрозат или уништат (кукуљето, меловите, клисурите, ретките и ендемични видови растенија и животни и сл.).

Калиманско езеро

Од аспект на природните ресурси и вредности, кои во студијата за туризам извршена преку Програмата за зачувување на природата на Македонија, детално се проценети и валоризирани, најголем туристички потенцијал имаат:

  • Осоговските Планини со поединечните локалитети на нив: Пониква, Царев Врв – Руен,
    Горна Цера, Гратче, клисура на Злетовска река;
  • Малешевските Планини во делот околу Беровско Езеро, изворишниот дел на
    Брегалница, водопадите на Брегалница и шумскиот појас од нив до Берово;
  • Северната страна на Плачковица, со Туртел, Лисец и Ченгино Кале, потоа подножјето кон
    Зрновци, Мородвис, Виница до клисурата на Осојница;
  • Лесновската купа и кратер со останатиот вулкански релјеф околу Пробиштип и Злетово;
  • Калиманското Езеро со развиената брегова линија, островот Калата, Истибањската
    Клисура и сл.;
  • Планината Голак со околината на Делчево, истоименото ловиште, езерото Сандански,
    Кукуљето, пештерата Коњска Дупка, палеонтолошкиот локалитет кај с. Стамер;

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...