20
Јул
2018

Гастрономија на Брегалничкиот регион

Македонската кујна е репрезентативна кујна за Балканот, со турски, грчки и блискоисточни влијанија, како и, во помала мера италијански, медитерански и унгарски влијанија. Заради релативно топлата клима која дозволува одлични услови за растење на разни зеленчуци, овошја, зачини и билки, македонската кујна е особено разновидна. Нашата кујна е исто така позната по разновидноста и количеството на млечни производи и локални алкохолни пијалаци како разни вина, ракии и мастика. Источниот дел на Македонија, со регионот на Брегалница изобилува со голем број на традиционални јадење и пијалаци.

Фото: Димитар Егуменовски

Како најголем производител на ориз во Македонија, овој регион е богат со специфични специјалитети од ориз како сутлијаш, лапа, оризник, ориз со пилешко, пилав и други. Други карактеристични специјалитети се: зелникот печен под вршник, традиционално јадење за кое секоја година се организира манифестацијата „Зелникот на баба“, лесновското јагне е со векови далеку прочуено по условите во кои се одгледува, чист планински воздух, чиста вода, пасишта; злетовска пастрмајлија, качамак со месо, месо со праз, селска тава и др. Тука може да пробате и зелник, баница сукано, полнета пиперка, мусака, сарма, овчо, козјо, кравјо сирење, прасечко печење, штипска боранија (јадење со кисела зелка, праз и грав), ќофтиња во кромид и друго.

Фото: Евгенија Крстевска

Во регионот на Брегалница постојат и специјалитети и продукти кои се национален гастрономски бренд како: беровско сирење, малешевско сирење, малешевски компир, штипска пастрмајлија, лесновско јагне, компирот, житата, сината слива и вишната во Берово.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...