Теренски предавања за студентите на Шумарскиот факултет во Скопје и инженерите од подружниците на ЈП Македонски шуми од Брегалничкиот слив
Во периодот од 9 до 11 јуни 2015 година во Брегалничкиот регион се реализираа третите теренски предавања за студентите на Шумарскиот факултет во Скопје. Како резултат на воспоставената соработка со ЈП Македонски шуми и изразениот интерес за размена на искуства, предавањата исто така беа проследени и од претставници на подружниците на ЈП Македонски шуми од Брегалничкиот ррегион
Во теоретскиот дел беше презентирано управувањето со шумите во Брегалничкиот регион од страна на професорот Николчо Велковски и администрирањето на шумите во Швајцарија, од страна на Валтер Марти. Во продолжение професорот Крисијан Росет презентираше современи апликации кои се користат при планирањето во шумарството, а беше презентирано и управувањето со биолошката разновидост во шумите со висока вредност.
Во практичниот дел од наставата беа посетени неколку локалитети на Малешевските Планини како практични примери во управување, одгледување и планирање на шумите и шумските еко системи, каде учесниците на предавањата имаа можност и за практична примена на апликациите Moti и Sylvotherque.
Активностите се дел од интервенцијата за соработка помеѓу Шумарскиот факултет од Скопје и Факултетот за земјоделски, шумарски науки и храна при Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија