Работилница за „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“
Во периодот од 23.06 до 25.06 2015 година во х.Клепало, Берово, се оддржа работилница на тимот одговорен за изработка на програмската активност „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“. Работилницата започна со поединечни презентации на експертите за напредокот на проектот во областите за кои се одговорни, по кои презентации следуваше дискусија за заштитени подрачја и стратегија за комплетирање на податоците зазаштитените подрачја. Следниот ден се реализираа теренски истражувања на планините Влаина и Кадиица. Последниот ден од работилницата беше резервиран за планови за картирање/моделирање на значајните видови и хабитати, пополнување на податоците за хабитати/предели со видови од различни групи, договор за следните состаноци за формирање на мрежата за заштитени пдорачја и краток терен до Кукуљето.
На оваа работилница покрај претставници на тимот одговорен за имплементација на гореспоменатата програмска активност, присуствуваа и претставници на програмскиот тим за координација (Zora Urech, Марјана Шушлевска и Цветан Николовски), како и претставници на Центарот за развој на Источен плански регион (Драгица Здравева и Емил Василев).