01
Јун
2015

Продолжуваат активностите во компонентата за одржливо производство на ориз

20150508_154647_1000x750_oriz3

Активностите околу воспоставувањето на пилот проект за одржливо производство на ориз продолжуваат согласно предложената динамика и план. За таа цел од 1 до 4 јуни 2015 година во втора посета на Проектот за зачувување на природата во Македонија беше експертот за ориз од Меѓународниот институт за истражување на оризот (IRRI), г-дин. Joseph Rickman. Тој, заедно со проектинот тим ги посетија опитните полиња во с. Тариници, а воедно посетија и повеќе ниви со ориз на приватни земјоделци. Својата посета г-дин. Joseph Rickman ја искористи и за разговор со приватните земјоделци – производители на ориз каде што имаше можност да се запознае со традиционалниот начин на одгледување на ориз во Брегалничкиот регион, како и со потребите и проблемите со кои се соочуваат оризопроизводителите при традиционалното одгледување на ориз.

DSC_0039_1000x667 oriz 2

На 3 јуни господинот Joseph Rickman и Панче Николов на настанот организиран од „Проектот за управување со речниот слив на Река Брегалница“ – ПУРС имаа своја презентација на тема „Одржливо користење на водата во оризопроизводството“ на која присуствуваа повеќе од 20 земјоделци.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...