Одржана втората работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 4 и 5 декември во х.Манастир во Берово се одржа втората работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, која имаше за цел да даде преглед на првата година од имплементацијата на Програмата. Покрај членовите на Проектниот тим за координација на Програмата од Фармахем и HELVETAS Swiss Intercooperation, на работилницата присуствуваа претставници на програмските партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за планирање на просторот, Центар за развој на Источен плански регион и Шумарски факултет- Скопје, како и претставник на донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Од страна на Проектниот тим за координација, како и од страна на сите партнери беа презентирани постигнатите резултати од првата година на имплементација на програмата и беше направена анализа на процесот на имплементација и координација на Програмата. Беа презентирани и првичните резултати од спроведената анкета за степенот на јавна свест за зачувување на природата во Брегалничкиот слив и познавањето на Програмата за зачувување на природата, како и планираните активности за 2014 година.