Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Програмата за зачувување на природата во Македонија и ЈП Македонски шуми
Програмата за зачувување на природата во Македонија континуирано се стреми кон вклучување на сите заинтересирани страни во активностите на Програмата, а со тоа го потврдува и сеопфатниот пристап кој го има оваа програма. За таа цел на 10.12.2014 интернационалниот тим лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија г-ѓа Зора Урех и помошникот директор на Секторот за информатички и комуникациски технологии, инвестиции и развој г-дин Коста Парлапанов, во име на генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ г-дин Жарко Караџовски го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу ПЗП во Македонија и ЈП „Македонски шуми“. Со овој меморандум се поставуваат темелите за идна соработка помеѓу ПЗП во Македонија и ЈП „Македонски шуми“ во насока на соработка на заеднички проекти во рамки на ПЗП во Македонија, развој на капацитетите на вработените во ЈП „Македонски шуми“, организирање на теренски посети, размена на информации и материјали, размена на научни и технички знаења и различни практики, организирање на состаноци и работилници како и промовирање на други активности за соработка.
Соработката помеѓу Програмата за зачувување на природата во Македонија и ЈП „Македонски шуми“ има потенцијал да се развива во компонентите на Програмата кои се однесуваат на зачувување на агробиодиверзитетот, заштитените подрачја како и во компонентата за соработката со Шумарскиот факултет. При оваа соработка посебен акцент ќе се стави и на соработката на Програмата за зачувување на природата во Македонија со подрачните едници на ЈП „Македонски шуми“ кои се наоѓаат во Брегалничкиот регион.