Втор блок предавања на Шумарскиот факултет во Скопје од страна на проф. д-р Јурген Бласер од Факултетот за земјоделски, шумарски науки и храна во Берн
Bо периодот од 1 до 3 декември 2014 година се одржа вториот блок предавања на Шумарскиот факултет во Скопје од страна на проф. д-р Јурген Бласер. На 1 декември 2014 година, проф. д-р Јурген Бласер на Шумарскиот факултет во Скопје одржа предавање пред повеќе од 40 студенти, професори и други заинтересирани учесници на тема „Меѓународна политика во шумарството во глобални рамки“. Предавањето поттикна дискусија за состојбата со шумарството во глобални рамки како и состојбата со шумарството во Република Македонија.
На 2 и 3 декември 2014 година, 30 студенти од Шумарскиот факултет во Скопје имаа можност да следат теренски предавања од професорите Николчо Велковски, Јурген Бласер, како и од Дејан Манџуковски магистрант на Шумарскиот факултет во Скопје. Предавањата се одржуваа на локации на Осоговски Планини, Малешевски Планини и езерото Калиманци. На овие предавања се разгледуваа темите: Управување и планирање на нискостеблеста букова шума, области засадени со зимзелени дрвја, високостеблена мешана буково-дабова шума, управување на дабови насади користени за исхрана на домашни животни како и анти ерозивно засадување со црн бор.
Овие активности беа реализирани како дел од интервенцијата за соработка помеѓу Шумарскиот факултет од Скопје и Факултетот за земјоделски, шумарски науки и храна при Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија.