Процесот на проценка и картирање на екосистемите и услугите кои ти ги озбебедуваат се спроведуваше преку примена на партиципативен пристап и со вклучување на различни засегнати страни, а следејќи ја кохерентната аналитичка рамка на Европската унија (MAES). Овој процес се спроведуваше на национално и на локално ниво, каде како пилот подрачје беше селектирано заштитетно подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“.
Како прв чекор во проценката беше направена детална карта на екосистемите на национално ниво. Потоа следуваше проценка и картирање на состојбата на 15 екосистеми (природни и полуприродни) преку користење на различни типови индикатори. Оваа анализа се направи на национално ниво, но и за 12 зашитетни подрачја во државата. Следен чекор претставуваше проценката и картирањето на екосистемските услуги на национално ниво. Вкупно 15 екосистемски услуги, кои се одредија како приоритетни беа проценкети преку користење на т.н look-up tables односно Burkahrd матрица и беа произведени вкупно 19 карти за визуелно и просторно прикажување на капацитетот на екосистемите да ги обезбедуваат екосистемските услуги од интерес.

Дополнително пак, овие чекори се спроведоа и на локално ниво, на подрачјето на Споменикот на природата „Вевчански извори“. За ова подрачје се изработи карта на екосистемите и се направи биофизичка, социолошка и економска проценка на екосистемкисте усуги.
Добиените резултати се први од ваков вид во држата и истите може да се користат како добра основа во планирањето на користење на земјиштето, во плановите за управување на заштитетните подрачја, во различни развојни стратегии и акциски планови на национално и локално ниво и сл. Со оглед на тоа што состојбата на екосистемите и нивниот капацитет да обебзбедуваат екосистемски услуги се постојано променливи како резултат на влијанието на различни природни фактори и човечки активности, се препорачува истите да се надополнуваат и надградуваат онаму каде е можно и во зависност од достапностa, структурата и веродостојноста на податоците. На ваков начин би се добиле поверодостојни резултати и би можело