Концептот за екосистемските услуги е релативно нов концепт кој започнува интезивно да се користи во последните 20 години како алатка за зближување на ставовите на креаторите на политики, донесувачите на одлуки, научната фела, локалното население, бизнис секторот и сите останатите заинтересирани страни во носење на одржливи мерки и информирани решенија при искористување и управувњето со природните ресурси.
Екосистемските услуги се дефинирани како придобивки што луѓето ги добиваат од екосистемите (MEA, 2005). Повеќе за тоа што претставуваат екосистемските услуги, какви групи има и слично прочитајте тука

Во рамките на Програмата за зачувување на природата во С.Македонија за првпат во државата е направен обид да се воспостави солидна основа за промоција на концептот и проценка на екосистемите и услугите кои тие ги обезбедуваат, како и нивна практична примена преку развивање на шема за плаќање на екосистемски услуги. Паралелено со овие активности, големо внимание се посвети и на јакнење на капацитети на клучните чинители на национално и локално ниво за овој концепт преку креирање и спроведување на посебна обука.