Практична примена на концептот за екосистемски услуга се реализираше преку развој на шема за плаќање на екосистемски услуги за заштитетно подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. Шемите за плаќање се алатки со кои потенцијални потрошувачи („купувачи“) на дадена екосистемска услуга/и им плаќаат на даватели („продавачи“) односно сопствени или управители на дадени подрачје за начинот на кој го управуваат земјиштете, а кој начин е корисен за екосистемските услуги и за нивно долгорочно одржување, со што екосистемите добиваат и дополнителна вредност. Повеќе за тоа како се воспоставуваат овие шеми може да најдете во Прирачникот за развивање и воведување на шема за плаќање за екосистемски услуги.

Добиените податоци од проценките на екосистемските услуги за подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“., заедно со резултатите од истражувањето на степенот на јавната свест за кај локалното насление за воспоставување на концептот за екосистемски услуги, се искористија за изработка на физибилити студија за воспоставување на шема за плаќање на екосистемски услуги. Врз основа на анализите во оваа студија, произлезе дека „туризмот“, како сноп од неколку екосистемски улсуги, е најсоодветен да се искористи за развој на шемата за плаќање. Па во таа насока се продолжи кон развој и поддршка на одржливиот туризам на територијата на Општина Вевчани преку промоција и спроведување на брендот Green destination. Како резултат на овие активности, општина Вевчани беше избрана во топ 100 зелени приказни за 2022 година, а дополните се сертифицираа и ??? бизниси.