23
Јун
2023

Во Берово и Пехчево сe одржаа јавни расправи по Нацрт-планот за управување со заштитен предел „Малешево“ и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП Малешево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со управувачот на Заштитен предел Малешево – Јавно претпријатие „Национални шуми“, на 22.06.2023 година во Берово и Пехчево одржаа јавни расправи по Нацрт-планот за управување со заштитениот предел „Малешево“ за периодот 2023-2032 година и Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023-2032 година. Претставниците на засегнатите страни и жителите на општините Берово и Пехчево имаа можност да се запознаат со содржината на овие документи, да постават прашања и да дадат коментари и забелешки.

„Заштитеното подрачје Малешево не е само парче земја, туку претставува срцевина на нашата природна разновидност, светилиште на бројни животински и растителни видови и извор на гордост за нас и затоа должност на сите засегнати страни е да го обезбедат уникатниот еко-систем непроменет, за во него да уживаат и идните поколенија“-истакна државниот секретар при МЖСПП, Неби Реџепи. Исто така, Реџепи, потенцираше дека целта на овие настани е да се постигне поголема транспарентност на целата постапка за подготовка на Планот за управување, а мислењата и забелешките изнесени во процесот на јавна расправа ќе се земат предвид при подготовката на финалните документи.

На настанот присуствуваа претставници од МЖСПП, Македонско еколошко друштво,  Програмата за зачувување на природата (ПЗП) и заинтересираните  жители на подрачјето. Нацрт-Планот за управување со ЗП Малешево и Нацрт-извештајот за СОЖС се подготвени од страна на управувачот ЈП Национални шуми со експертска поддршка на Македонско еколошко друштво, во рамки на Програмата за зачувување на природата – излезна фаза, со поддршка на Швајцарската агенција за рзвој и соработка (SDC).

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...