22
Сеп
2022

Промовирана едукативна вело патека за деца и семејства

Понудата на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево се збогати со уште една содржина. Меѓународниот ден без автомобили во Пехчево беше одбележан со промоција на едукативната Вело патека која е поставена помеѓу градот Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево. Настанот се одржа во соработка на Еко логик и ВЕЛО УЧИЛИШТА со ООУ Ванчо Китанов од Пехчево, Општина Пехчево и Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево.

Со поддршка на Швајцарија, преку Програмата за зачувување на природата (ПЗП), патеката е креирана од страна на Еко логик и ВЕЛО УЧИЛИШТА, образовна програма во која членува и училиштето Ванчо Китанов од Пехчево. Патеката е долга 6.5 километри, со висинска разлика од 200 метри, со што спаѓа во категорија на лесни патеки. Се состои од 15 едукативни содржини (табли) преку кои децата и родителите ќе се запознат со основите на велосипедизмот, правилно возење на различни терени, типови на велосипеди, основно одржување на велосипедите и многу други корисни работи за Вело авантури.

Оваа интересна содржина ќе придонесе кон дополнителна промоција на регионот, со акцент на потенцијалот за рекреативен туризам наменет за деца и семејства.

 

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...