Одржани работилници за презентација на регионалниот план за унапредување на шумите
На 27 јуни во Кочани и на 29 јуни во Кавадарци се одржаа работилници за презентација на Регионалниот план за унапредување на шумите. Работилниците имаа за цел да ги запознаат присутните од овие региони за регионалното планирање на шумите и да споделат искуствата од подготовката и имплементацијата на пилот Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево), како и да дадат насоки за процесот на изработка на Регионален план за унапредување на шумите.
Од страна на претставници на Програмата за зачувување на природата присутните беа запознаени со тоа што претставува Регионален план за унапредување на шумите, беше презентиран веќе изработениот регионален план за унапредување со шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево), но и процесот што е потребен за подготовка и имплементација на регионален план за унапредување на шумите. Исто така, од страна на претставници од Општина Берово и Општина Пехчево кои беа директно вклучени во работната група за изработка на планот, беа презентирани искуствата во целиот процес на подготовка, како и во делот на реализација на дел од приоритетите.
На работилниците кои што се одржаа во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем од Скопје, присуствуваа претставници на повеќе заинтересирани страни.