18
Фев
2022

Јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во Споменик на природата (СП) „Вевчански извори“

Краен рок : 09.03.2022  Референтен број 03-03/22

Македонското еколошко друштво, партнер спроведувач на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавува јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природата (СП) „Вевчански извори“, како алатка за спроведување на шема за плаќање за екосистемски услуги.

Повеќе за ПЗП: https://www.bregalnica-ncp.mk/ 

Заинтересираните субјекти потребно е да ја достават целокупната документација во електронска форма на е-маил адресата: angelova@mes.org.mk и по пошта или лично на следнава адреса: Македонско еколошко друштво, бул. Борис Трајковски ул.7, бр.9а, 1000 Скопје, не подоцна од 09.03.2022 година до 15:00 часот.

Документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Македонско еколошко друштво www.mes.org.mk, како и на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/.

Сите заинтересирани апликанти треба да достават:
– Тековна состојба од Централен регистар, не постара од 6 месеци од рокот за аплицирање,
Уредно пополнета апликација (десен клик->Save link as),
Уредно пополнет формат за буџет (десен клик->Save link as) и
– Профил на апликантот со референтна листа на спроведени проекти исти и/или слични на предметот од интерес и промотивни материјали од реализирани проекти.

Заинтересираните субјекти може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на следнава е-пошта: angelova@mes.org.mk најдоцна до 19.02.2022 година.

Јавниот повик може да го преземете на следниот линк: Јавен повик

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...