Започна процесот на капитализација како дел од излезната фаза на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија
Една од компонентите од излезната фаза на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), која ќе се имплементира преку партиципативен пристап, е фокусирана на капитализација на резултатите од предходните две фази. Со оваа компонента ќе се интензивира соработката меѓу партнерите, селектираните чинители и процесите, и ќе се обезбеди понатамошното зацрврстување на сопственоста (ownership) на резултатите од ПЗП, од страна на партнерите и одбраните чинители.
Воведната работилница за капитализација на резултатите се одржа на 3ти и 4ти ноември 2021 година во х.Манастир во Берово, со учество на претставници на 14 засегнати страни и партнерски организации на ПЗП кои беа активни во реализација на активностите од предходните две фази. На работилницата најпрвин беше презентиран концептот на капитализација од страна на Џејн Картер, претставник на партнерската организација Хелветас, потоа беше направена ретроспектива на најважните постигнувања и резултати од претходните фази на ПЗП, кои се спроведуваа во периодот 2011-2020 година, а во втрриот дел од работилницата беа селектирани тематски области во кои беа разработени различни пристапи соодветни на целните групи.
Како дел од процесот за капитализација, на 4ти и 5ти ноември 2021 година од страна на проектниот тим на ПЗП и претставникот на Хелветас беа реализирани неколку посети во регионот и средби со различни чинители кои беа поддржани во рамки на ПЗП, со цел да се нотираат најважните резултати и научени лекции од спроведувањето на Програмата.
Оваа компонента ја реализира координаторот на ПЗП Фармахем, во соработка со Хелветас, како поддржувач на процесот.