19
Окт
2021

Еколошко образование во заштитен предел

Заштитените предели се категорија на заштитени подрачја кои се идеални за развој на програми за еколошко образование. Тие претставуваат подрачја кои се наоѓаат и се развиваат во границата помеѓу природното и човечкото и може да функционираат се додека се зачувани поврзувањата помеѓу човекот и природата и токму поради ова тие во себе кријат голем потенцијал за пренесување на можеби најважните аспекти од еколошкото образование, а тоа се одржлив развој и користење на природните ресурси. Еколошкото образование може да се одвива на 3 начина. Еколошко образование како дел од регуларниот наставен план, како дел од наставата во природата во форма на екскурзија или пак преку воншколски активности. Сепак најдобар начин е спојување на сите три методи преку интегрирано еколошко образование. Интегрирано еколошко образование е пак, единствениот начин да се подобри еколошката писменост и да се подигне јавната свест.

Фото: Марко Џамбазовски

 
Затоа заштитените предели со себе нудат можност за интегрирано еколошко образование преку неколку начини:


1. Запознавање со природните вредности

Во заштитените подрачја и преку определените зони за заштита, учениците имаат можност точно да ја видат градацијата на заштита на природата и како тоа влијае на екосистемот. Започнувајќи од руралните делови каде има можност за активно користење, па преку шумите кои се стопанисуваат со до строго заштитените подрачја, учениците ќе учат како заштитата на животната средина изгледа директно на терен.


2. Производство на храна и користење на природни ресурси

Заедниците во рамките на заштитените предели се рурални и најчесто се одржуваат преку земјоделство, сточарство, риболов и шумарство. Тука учениците може директно да се запознаат со начините на производство на храна, разликата помеѓу модерното и традиционалното одгледување на храна, користењето на природните ресурси како и реупотребата на природни материјали.

3. Живеење со природата

Во заштитените предели, учениците ќе може да се запознаат со начин на живот што полека исчезнува од модерниот свет, а тоа е живот во некоја форма во хармонија со природата, со нејзино умерено користење и заедничка заштита.

Една од неформалните образовни институции кои можете да ги посетите во брегалничкиот регион е Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево каде може да се запознаете со биолошката разновидност во регионот. Едукативниот центар е отворен и за фамилијарни посети, но и за едукативни училишни екскурзии со можност за одржување на предавања во него. Повеќе за Едукативниот центар можете да дознаете на нивната веб страна: www.ecnegrevo.mk

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...