09
Дек
2021

Планинскиот туризам и заштитата на природата

Во последните години, промената на барањата, желбите и очекувањата на туристичката јавност, водени од новите трендови кои промовираат здрав живот, рекреација на отворено како и планински спортови, придонесе силна популаризација на планинскиот туризам. Под планински туризам се подразбира широк спектар на туристички активности кои се одвиваат на планина.

Една од главните карактеристики на планинскиот туризам е тоа што нуди можност за активности во сите четири сезони, секогаш нудејќи различни опции и можности во текот на целата година. Разликата помеѓу белите и студени зими како и зелените топли лета што може да се почувствува на планините ги мотивира посетителите од урбаните средини да „побегнат“ oд зимските магли и пеколните горештини и да се упатат кон планините.

Фото: Евгенија Крстевска

Кај планинскиот туризам во споредба со другите форми на туризам, самиот екосистем, планината ја одредува динамиката, формата како и типот на услуги кои како туристички производи може да се понудат на туристичката јавност па затоа под овој вид на туризам спаѓаaт: планинирење, алпинизам, висинско трчање, кајакарење, велосипедизам, скијање и скијачки спортови, пешачење, параглајдерство и др.

Планинскиот туризам не би постоел без планината, што значи дека тие се многу тесно поврзани. Вистинскиот планински туризам во 21-от век мора да биде одржлив, но на кој начин овој вид на туризам е поврзан со заштитата на природата и планинските екосистеми?

1.Планинскиот туризам ја одржува локалната заедница

Секој вид на планински туризам зависи од човечките и материјалните ресурси на локалните планински заедници. Сите средства кои се добиваат од туризмот, треба да завршуваат во заедницата, таа да станува се понезависна и самоодржлива. На овој начин всушност, туризмот ја чува планината со тоа што обезбедува работни места и бизниси кои не зависат од директна експлоатација, урбанизација и уништување на природата

2.Планинскиот туризам ги промовира природните вредности

Секој посетител и турист добива можност директно да се запознае со природата, локалните екосистеми и пејсажот. Па затоа, планинскиот туризам претставува најдобар начин да се доживее и ужива во природата и да се промовираат правите природни вредности.

3.Планинскиот туризам е форма на еколошко образование

Се вели дека најдобар начин да научиш нешто е тоа да го искусиш и видиш, диретно во природата. Па така, преку различни планински активности, туристите може да учат за природата, начинот на која таа се менува, но и како ние влијаеме врз неа. Како што минува времето, туризмот станува значајна алатка во еколошкото образование.

Планинскиот туризам има огромен потенцијал во брегалничкиот регион. Ако се има предвид дека 56% од површината на регионот на Брегалница припаѓа на планински простор и дека има дури девет планини од кои една повисока од 2000 м, јасно е колкаво е значењето на планинскиот туризам за овој регион. Затоа, во годините што следуваат, развојот на планинскиот туризам би значел и можност за подобро разбирање и заштита на природата.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...