Објавен Прирачник за изработка на Регионален план за унапредување на шумите (РПУШ)
Во текот на 2021 година, во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем-Скопје, е подготвен Прирачник за изработка на Регионален план за унапредување на шумите (РПУШ).
Овој прирачник е изработен по успешниот пример за подготовка на пилот Регионалниот План за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) со акциски план 2020 – 2025 кој воедно има добиено позитивни оценки на локално, национално и меѓународно ниво.
Целта на овој прирачник за подготовка на регионален план за унапредување на шумите е да му послужи како патоказ на институциите кои во иднина би подготвувале ваков тип на регионален план.
Прирачникот може да го преземете на следниот линк