Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Берово и Пехчево, Ве поканува на Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел. Јавната расправа ќе биде организирана on line на ЗООМ платформата на 02.09.2021 година (четврток), со почеток во 11:00 – 13:30 часот. Нацрт-Одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) како и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Малешево за Заштитен предел може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најдоцна до 10 дена по одржување на јавната расправа. Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса најдоцна до 31.08.2021 (вторник): skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020. Повеќе информации на: https://cutt.ly/dWrPqeb