12
Јул
2021

Четврта организирана посета на брегалнички регион за група на Instagram корисници

Овој викенд, на 10 и 11 јуни ја организиравме четвртата посета во брегалничкиот регион за група на Instagram корисници со цел да ги промовираме природните и културните вредности на регионот на социјалните медиуми како и да претставиме дел од активностите кои што се спроведени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија.

На оваа тура, ги запознавме учесниците со вредностите на идното заштитено подрачје Малешево, преку пешачење и велосипедизам на маркираните патеки кои што ќе придонесат за развој на авантуристичкиот туризам во регионот. Исто така, учесниците ги запознавме и со најновите активности реализирани од страна на Програмата за зачувување на природата, Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, ЈГПБР „Меден Исток“ како и со дел од богатиот биодиверзитет и традицијата во овој регион.

Посетата ја започнавме во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево каде што не пречека раководителот на Едукативниот центар, дипломираниот биолог Верица Арнаутовска од општина Пехчево, која ни ги претстави најновите активности во Центарот. Од таму продолживме за Трешчен Камен по „Патеката на Петко“, а попатно застанавме на Јудови Ливади да го фотографираме инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia), кое е многу ретко на територијата на Република Северна Македонија и Еленско Блато, уникатен еко систем кој е дел од идното Натура 2000 подрачје.

После кратката пауза на Трешчен Камен, продолживме со искачување до врвот Кадиица кој што се наоѓа на 1932 мнв на самата граница со Бугарија. Следна дестинација на посета ни беше локацијата Вртена Скала каде што ја слушнавме локалната легенда за ова место. Пешачејќи по обележаните пешачки патеки покрај Пехчевска Река стигнавме до градот од каде што дојдовме до последната локација за првиот ден, пчеларникот на Благојчо Божановски, член на ЈГПБР „Меден Исток. Дегустирајќи мед и медни производи, Благојчо не запозна со најновите активности на единственото здружение во нашата држава кое применува одржливи практики во пчеларството.

Вториот ден го започнавме со пешачење околу локацијата Клепало, односно од граничниот премин до бачилото каде што вкусивме традиционална домашна храна од овој регион. По патот за бачилото, поминавме преку предел богат со разни лековити билки, кои што може да се користат за различни намени: кантарион, мајчина душичка, ајдучка трева и лаванда. Последниот дел од турата ни беше резервиран за прошетки околу Беровското езеро и возење на велосипед на една од обележаните патеки во Берово.

Повеќе фотографии од посетата можете да погледнете на нашиот Instagram профил: @sogrizadoberiket, додека фотографии и видеа од останатите корисници може да прегледате и на #БрегалничкиСлив.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...