Објава на јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за: „Набавка на противпожарна опрема“
Краен рок : 12.05.2021 | Референтен број 03/07/308 |
1. Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија –фаза 2 (ПЗП) ги поканува заинтересираните компании да достават понуди во затворен коверт не подоцна од 12.05.2021 година во 15:00 часот, адресирани до ПЗП. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ). 2. Документацијата за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на ПЗП во Северна Македонија: https://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici (Реф. бр. 03/07/308). 3. Заинтересираните компании може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: cvetan@farmahem.com.mk најдоцна 6 дена пред истекот на рокот за доставување на понудите. Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП) е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координирана од „Фармахем” од Скопје. 08.05.2021: Изменетата тендерска документација може да ја преземете на следниов линк.
|