Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги
Краен рок : 28.04.2021 | Референтен број 03/07/267 |
Јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за набавка на услуги, со предмет: Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза (ПЗП), ги поканува заинтересираните субјекти да достават понуди во затворен коверт на начин опишан во тендерската документација, не подоцна од 28.04.2021 година до 15:00 часот, адресирани до ПЗП-излезна фаза, ул Кичевска бр.1, 1060 Скопје, со назнака “За Јавен повик (Реф. бр. 03/07/267)” . Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ). Тендерската документација за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија: https://www.bregalnica-ncp.mk/javni-povici/. Заинтересираните компании може да поставуваат прашања исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: jasminka@bregalnica-ncp.mk најдоцна до 22.04.2021 година. Програмските активности за дигитален маркетинг на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, Здружение Јадрена група на пчелари од брегалничкиот регион „Меден Исток“ Кочани (ЈГПБР „Меден Исток“) и Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево (ЕЦЗП) се спроведуваат во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координирана од „Фармахем” од Скопје Тендерската документација за јавниот повик може да ја преземете на следниот линк.
|