07
Мај
2020

Планините и водата

Според проценките, животот на една десетина од целата човечка популација директно зависи од планините. Тие не се важни само за луѓето кои ги населуваат, туку и за оние кои живеат во долините и котлините под нив. На глобално ниво, најголема вредност на планините е тоа што претставуваат извор или место каде се создаваат најголемите реки на светот.

Планините често се нарекувани и водни тврдини, кули со вода. Тие ја заробуваат влагата од атмосферата и ја туркаат нагоре со што се формираат облаци, кои пак даваат дожд и снег. Тие имаат важна улога во повеќе делови на водниот циклус; тие заробувајќи ја влагата, по кондезацијата ја примаат водата во форма на снег и така таа се зачувува се до летните и пролетните топења со што се обезбедува течна вода за сите потреби на човекот, но и за сите екосистеми.

Во последно време се повеќе е јасно дека доколку не се управува правилно со планините како екосистем, недостатокот од вода ќе биде многу очекуван резултат. Ова директно ќе влијае врз земјоделството и производството на храна, особено во земјите во развој и во земји без стратегија за зачувување на водните ресурси како нашата.

Иако според нивниот изглед и маркантност делуваат силни и постојани, сепак планините се многу чувствителни екосистеми. Самата нивна геоморфологија; врвови, ледници, преслапи, седла, платоа ги прави да се многу нестабилни. Планинските почви, кои се формираат многу бавно поради надморските височини и ниските температури, се млади, плитки и поразони и со тоа подложни на ерозија.

Човекот со своите активности може многу брзо да го наруши деликатниот еколошки баланс на планините. Обезшумување на високите шуми, рударството, неодржливото земјоделство, урбанизацијата како и глобалното затоплување директно влијаат врз планините, а со тоа и врз водата што тие ја чуваат.

Сите промени во планините имаат двоен или троен ефект врз котлините под нив.

Здравите планински екосистеми можат да спречат ерозии, да го намалат количеството на седимент во езерата и реките и со тоа да ја намалат можноста од поплави до долините.

Водата е есенцијална за човечкиот живот, но здравите планински екосистеми за есенцијални за глобалните резерви на вода.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...