22
Мај
2020

Биодиверзитетот и здравјето

Здравите човечки заедници зависат од здрави екосистеми. Тие се потребни на човекот за обезбедување на чист воздух, свежа вода, лекарства и храна. Тие исто така ја намалуваат можноста за појава на болести и ја стабилизираат климата. Но и покрај ова, биодиверзитетот трпи огромни загуби под влијаније на човековите активности.

Луѓето зависат од биодиверзитетот во секој ден од животот, на начини кои не се секогаш видливи или пак ценети. Човечкото здравје зависи од екосистемските продукти и производи  како: вода, храна и гориво. Ова се клучни елементи за добро здравје и продуктивен и активен живот. Загубата на биодиверзитетот, може да предизвика директни промени во здравје на луѓето, доколку екосистемските услуги престанат да ги остваруваат социјалните потреби. Индиректно, промените во екосистемските услуги влијаат врз состојбата на домаќинствата, платите и приходите, локалните миграции, па дури понекогаш може да предизвикаат воени или политички конфликти.

Дополнително, биолошката разновидност од микоорганизми, флора и фауна обезбедува и развој на фармаколошките науки. Големите медицински и фармаколошки откритија се случуваат преку подлабокото проучување и осознавање на биодиверзитетот на Земјата. Па, затоа загубата на видовите може да го ограничи истражувачкиот потенцијал на нови методи за лечење и лекарства. Затоа, како се намалува биолошката разновидност се зголемува загриженоста за здравјето на луѓето. Не се губат само видови, туку и нови природни хемиски супстанци што имаат можност за спасување на милиони луѓе или можеби цела човечка популација.

Биодивезитетот игра клучна улога во исхраната на човекот. Сите продукти што тој ги користи за исхрана се всушност дел од биолошката разновидност. Но, не само тоа. Биолошката разновидност индиректно го заштитува производството на храна, преку одржување на почвите, регулирање на климата и заштита од штетници. Пристапот до доволно количество на разновидна храна се крајно важни за човечкото здравје. Иронично е дека, токму со модерното производство на храна, човекот најмногу всушност го намалува биодиверзитетот. Интензивното земјоделство, неодржливата употреба на вода, употреба на пестициди и вештачки ѓубрива како и одгледувањето на монокултури се најголемите непријатели на биолошката разновидност.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...