29
Ное
2018

„Honeyland“ избран во официјална конкуренција на „Sundance“

Македонскиот документарен филм “Honeyland” (Медена Земја) е избран во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал “Sundance” во категорија со уште 12 други документарни филмови од целиот свет. Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем.

Главната идеја на документарниот филм е да се прикаже припадноста на човекот кон природата преку посебноста на односот кој тој го има кон неа и нарушување на тој природен баланс преку судирот на два различни начини на искористување на природните ресурси. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продуцент и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, а е поддржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија.

Покрај филмските фестивали Берлински фестивал, Кан, Бафта, Глобус и Венеција, Sundance претставува еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво и учеството на македонски филм на еден ваков фестивал претставува вистински успех.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...