28
Дек
2017

Одржлив развој

Од огромниот број понудени објаснувања и дефиниции на феноменот одржлив развој, најиздржана и најшироко прифатена е дефиницијата на Комисијата за животната средина и развој во светот (WCED – World Commission on Environment and Development) од 1987 година. Во нејзините официјални документи одржливиот развој е претставен како “…развој што ги задоволува сегашните потреби, а истовремено не ја намалува можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби. Одржливиот развој не претставува фиксна состојба на хармонија туку процес на константни промени во кој експлоатацијата на ресурсите, насочувањето на инвестициите, ориентацијата на технолошкиот развој и институционалните рамки се во функција на сегашните и идните потреби”.

Според ваквото дефинирање, принципот на одржлив развој претпоставува соодветен економски, технолошки, социјален и културен развој, хармонизиран со потребите за заштита и унапредување на целокупниот систем на животната средина. Одржливиот развој го признава постоењето на природни граници, кои произлегуваат од способноста на биосферата да ги апсорбира негативните ефекти на човековата активност. Станува збор за специфичен развој што истовремено треба да им овозможи и на сегашните и на идните генерации сестрано задоволување на нивните потреби и подобрување на квалитетот на животот во целост.

Суштината на овој концепт се крие во интеракцијата меѓу економскиот просперитет и хармонијата во животната средина, како и во високиот степен на меѓузависност и комплементарност на развојните политики и политиките за заштита на опкружувањето, кои во целост ги уважуваат законитостите на природата и на еколошките системи. Без оглед на сè поголемиот општествен притисок за натамошен брз развој и интензивен економски просперитет, концептот на одржлив развој му дава приоритет на квалитетот на животната средина и во прв план ја наметнува заштитата на екосистемите и рационалното користење на природните ресурси.

Ваквиот концепт на прифатлива одржливост во развојот на општеството бара да не се дозволи експлоатација на природните добра во димензии кои можат да ги влошат можностите за подобар живот, како денес така и во иднина. Концептот бара глобален однос кон заштитата на системите од кои зависи животот на земјата, вклучувајќи ги тука: атмосферата, водните ресурси, почвата и сите живи организми. Во најголем број случаи станува збор за универзални категории кои многу тешко се обновуваат и чии крајни граници на искористување, полека но сигурно, веќе се пречекоруваат. Заради тоа, исконската вредност на стратегијата на одржлив развој претставува сестран опфат и доследна имплементација на концептот на интегрална заштита, кој означува почеток на целосно нов општествен однос, нова апликативна филозофија, која ќе биде во функција на економскиот просперитет, но и на одржувањето на хармонијата во опкружувањето.

Самата имплементација на концептот на одржлив развој на туризмот во Источниот плански регион треба да се темели врз следните три универзални принципи:

  • Еколошки принцип, кој подразбира соодветен развој на туризмот, што не се спротивставува со еколошките закони и природната репродукција на ресурсната основа;
  • Социокултурен принцип, кој треба да овозможи компатибилен развој на туризмот преку заштита на културните придобивки и идентитетот на локалната заедница, како и активно учество на домицилното население во планирањето и управувањето со развојот на туризмот; и
  • Економски принцип, кој овозможува инвестирање во таканаречен “правилен” развој на туристичката дестинација, втемелен врз локалните автентични вредности, како и остварување профит што е неопходен за поубав живот на сегашните и идните генерации.

Притоа, концептот на одржлив развој на туризмот треба да се потпира врз неколку основни начела, кои мора да бидат респектирани во сите развојни документи, како што е и оваа Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источниот плански регион:

  • крајно внимателен однос кон природата;
  • љубоморно чување на расположливите ресурси – квалитетна вода, воздух, почва, електрична енергија и слично;
  • интегрална заштита на природното, социјалното и културното окружување;
  • респектирање на потребите и желбите на домицилното население и неговата автентична култура;
  • стратешко планирање со долгорочни концепции и нивна хармонизација на дестинациско ниво;
  • поттикнување на локалните стопански субјекти на зголемена деловна активност и соработка;
  • вклучување на домицилното население во сите нови проекти од доменот на туризмот;
  • перманентна едукација на туристичките работници, јавниот сервис и сите други учесници кои доаѓаат во непосреден контакт со туристите;
  • одговорен маркетинг.

Конечно, во Источниот плански регион туризмот базиран врз долгорочно одржливи компоненти всушност и не претставува никаков новитет. Тука одржливиот развој влече корени уште од самата појава на туризмот на овие простори. Пред сè, поради разновидноста и географската дисперзираност на атрактивната ресурсна основа, како и поради малиот обем на сместувачки капацитети и нискиот степен на нивна искористеност, туристичкиот развој во Источниот плански регион во целост ги има атрибутите на одржливост и долгорочност.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...