23
Ное
2017

Манастирски и верски туризам

Источниот плански регион изобилува со манастири и цркви што претставуваат значајно културно наследство од различни периоди. Поголемиот дел од нив чуваат ремек дела на живопис, иконопис, архитектура и иконостаси и др. Во последните години е забележливо зголемување на монашките машки и женски заедници.


Lesnovski_manastir_3
 

Развојот на манастирскиот туризам во Источниот плански регион зависи од интересот на туристите за посета на манастирите, но во голема мера и од согласноста на монасите од истите. Во манастирите се добредојдени туристи кои доаѓаат од верски мотиви или туристи љубители на културното наследство. Но, притоа животот и редот на монасите во ниеден момент не смее да биде засметан. Во моментов има релативно малку манастири каде има активен монашки живот како што се: Лесновски манастир – Св Архангел Гаврил – машки манастир, Св.Спиридон – женски манастир и Св. Архангел Михаил во Берово – женски манастир. Во другите вредни или познати манастири најчесто се одбележуваат верските празници каде се организираат заеднички ручеци со верниците. Организирано сместување на туристи во рамките на манастирите не е забележано.

Овој вид туризам е можен како комбинација со некој друг вид туризам, односно организирана посета на други споменици на култура. Во околината на Источен плански регион има доста познати и атрактивни манастири што се наоѓаат на територија на други региони, па во таа смисла е добро да се размислува на креирање рута со вклучени повеќе манастири од различни региони.

Во рамките на работилниците организирани во текот на изработката на Студијата и Стратегијата за развој на туризмот во ИПР, голем број од учесниците, претставници од општините на Источен плански регион, се изјаснија дека манастирскиот туризам има многу голем потенцијал за развој во овој регион.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...