14
Ное
2017

Ерозија

Под ерозија во поширока смисла се подразбираат сите процеси кои вршат промени на површинскиот слој на земјината кора кои настануваат под дејство на егзогените сили на Земјата т.е. Сонцето, водата и ветерот. Ерозијата се одвива во 3 фази: откинување, пренос и таложење. Преку уништување на почвата при ерозија, се уништуваат и хабитатите, а со тоа и се намалува биодиверзитетот.

Erozija2

Просечниот годишен интензитет на ерозијата во Европа изразен како губиток на почва изнесува 3,1 t/ha, вкупната годишна количина на продуциран ерозивен материјал изнесува скоро 2 милијарди тони. Република Македонија со просечни годишни губитоци на почва од 6,9
t/ha и просечна годишна продукција на ерозивен материјал од 17 000 000 m е на 8-мо место според интензитет на ерозијата во Европа, зад Албанија (18,7), Црна Гора (12,5), Швајцарија, Италија, Португалија, Грција и Словенија.

По ерозиите се јавуваат јаруги. Генерално, јаругите се формираат со зголемување на површинското оттекување. Појавата, типот, обликот и развојот на јаругите настануваат поради различни причини – групирани како физички причини и антропогени причини. Физички фактори се: климатски (интензивни врнежи или нагло топење на снег кои предизвикуваат интензивно оттекување), топографски (облик и големина на сливното подрачје, должина и наклон на падините и главното корито), почвени карактеристики и вегетациска покривка (добра шума, деградирана шума и шикара, овоштарник, нива, голина). Антропогени активности кои влијаат на јаругите се: несоодветно користење на земјиштето (особено земјоделски активности на стрмни терени без примена на Против ерозивна агротехника), преголемо и несоодветно напасување на добиток, рударски активности, градежни активности (градба на патишта, нафтоводи, водоводи итн), несоодветни шумски активности (несоодветна сеча по тип и интензитет и локација, несоодветен дотур на дрвна маса) и пожари (шумски пожари и опожарување на тревни површини).

Erozija1

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), се спроведе проектот „Еколошки прифатливи техники за намалување на екстремни процеси на ерозијата на опожарени шуми“ од страна на “Национално здружение на сопственици на приватни шуми (НЗСПШ) ”.

Целта на овој проект беше експериментално да се утврдат методи за спречување на зголемување на јаругите и репарација на почвата.
При рекогносцирањето на теренот е избран слив на безимен порој во непосредна близина на сливот на Колачински Андак. После пожарот во 2007 година и целосно уништената вегетација на даденото подрачје, доаѓа до отпочнување и интезивирање на процесите на ерозија. Од тука се јави потребата за интервенирање на даденото подрачје со цел намалување и запирање на отпочнатите ерозивни процеси и повторно враќање на вегетацијата на тие терени. Во горниот дел се наоѓа јаруга која има 3 крака кои се одбрани за имплементација на експериментални мерки.

Од повеќето можни мерки е избрано:
• каскадирање на дното на јаругата (со плетери),
• изработка на дисконтинуирани ѕидови од плетери на падините,
• озеленување (пошумување со бор).

Erozija3

Со примена на погоре наведените мерки во опожарени шуми каде што има отпочнато интензивни процеси на ерозија, како што е случајот со оваа проектна активност, се влијае кон намалување и скоро целосно запирање на процесите на ерозија во опожарените шуми. Така полека но сигурно ќе влијаеме кон враќање на првобитните состојби на дадената локација, а со тоа ќе постигнеме обновување на биодиверзитетот во претходно опожареното и уништено подрачје.

Исто така препорачуваме да ја прочитате брошурата која што беше подготвена во рамки на проектот: Еколошки прифатливи техники за намалување на екстремни процеси на ерозијата на опожарени шуми:
https://www.bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2017/09/Namaluvanje_erozija_opozareni_shumi.pdf 

Erozija4

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...