Natura 2000 – програма за заштита на природата
На 21 Мај го прославивме меѓународниот ден на Natura 2000 – програмата за заштита на природата.
Natura 2000 е мрежа на заштитени природни подрачја на територијата на Европската Унија. Таа е составена од специјални подрачја за заштита и од специјални заштитени подрачја кои се креирани под упатства на Европската Директива за живеалишта и Европската Директива за птици. Мрежата вклучува терестрични како и морски локалитети.
Во 1992 година, владите на државите членки на ЕУ, усвоиле легислатива со цел да се заштитат најсериозно загрозените живеалишта и видови низ цела Европа.
Денес, програмата заштитува околу 18 проценти од територијата на сите ЕУ држави (787,767 км2 во 2013), и ги опфаќа речиси сите видови терестични екосистеми во Европа.
Освен што ги штити природните богатства на Европа, мрежата придонесува и кон европскиот БДП и тоа од 1,7 до 2,5 проценти преку провизија од екосистемски услуги како што е прочистување на вода, запрашување на растенија и туризам.