Се одржа вториот модул од обуката за јакнење на капацитетите на општините
На 27 и 28 јануари во Берово се одржа вториот модул од обуката за јакнење на капацитетите на општините за надлежностите, начините и можностите за зачувување на биолошката разновидност и одржливото управување и користење на природните ресурси.
На вториот модул со наслов „Биолошка разновидност и нејзино зачувување“, учествува претставници на општините од сливот на р.Брегалница, како и општина Ресен и општините од Југоисточниот плански регион, како таргет општини на проектите координирани од UNDP.
На учесниците најпрвин им беше оддржана воведна презентација кон биолошката разновидност, по што следеа презентации за биолошката разновидност во Република Македонија, биолошката разновидност во Источен плански регион (ИПР), нејзини закани, приоритетни видови и важни подрачја за заштита во ИПР како и улога на граѓаните во заштитата на биолошката разновидност со примери од Македонија и светот.
На крајот следуваше работа во групи за користењето на глобалните и регионалните критериуми за загрозеност на билошката разновидност за развој на локални конзервациски акции.