Презентирани дел од проектните активности на ПЗП на Советот за развој на ИПР
Дел од програмските активности кои се реализираат во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија беа презентирани на седницата на Советот за развој на Источен плански регион кој се ордджа на 24.12.2015 година во Свети Николе. На оваа седница беше презентиран извештајот од анализата на недостатоци во еколошки податоци и картата на еколошката чувствителност на подрачјето на сливот на реката Брегалница кој беше усвоен од стана на градоначалниците од ИПР. Исто така на оваа седница беше усвоена и Стратегијата за развој на туризмот во ИПР со акционен план 2016 -2025 година. Процесот на изработка на стартегијата беше со широко партиципативно учество на сите засегнати страни, за што беа организирани неколку работилници и јавни расправи.