18
Дек
2015

Одржана втората работилница за развој на курикулумот на УКИМ – Шумарски факултет во Скопје

DSC_0069_1000x667_rab_sumari

Втората по ред работилница за развој на курикулумот на УКИМ – Шумарски факултет во Скопје се одржа на 18.12.2015 во Скопје и претставува една од активностите во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија каде заедно со помош на Бернскиот Универзитет за прменети науки од Швајцарија се врши подобрување на наставната програма во насока на воведување на биолошката разновидност.

На работилницата беше направен преглед на досегашната наставна програма на Шумарскиот факултет во Скопје како и анализа за можните подобрувања на наставната програма со посебен осврт на биодиверзитетот и природата; беа разгледани наставните програми на шумарските факултети во Швајцарија како и анализа на посебни модули. Воедно беше договорена и диманика за процесот во кој ќе се одвива подобрувањето на наставната програма на Шумарскиот факултет во Скопје во иднина во насока на воведување на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и воведувањето на новите одржливи пристапи за управување со шумите.

На оваа работилница, покрај учеството на професорите и претставници на студентите од Шумарскиот факултет во Скопје, свое учество имаше и професорот Јурген Бласер од Бернскиот Универзитет за применети науки.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...