Резиме на шумско-стопански основи за општините Берово и Пехчево
Во рамки на Програмата за зачувување на природата Шумарскиот факултет во Скопје ќе започне со изработка на „Резиме на на шумско-стопански основи за општините Берово и Пехчево“. Ова Резиме ќе послужи како основа за да се добие реален приказ и оцена на актуелната состојба со шумите, нивните основни биоеколошки карактеристики, структура и начини на досегашно стопанисување. Покрај тоа, треба да произлезат и конкретни предлози и препораки за идното стопанисување и управување со шумите. Резимето ќе содржи четири типа на картографски прикази на подрачјето и тоа: вегетациска карта, карта на шумските насади и карта на шумската инфраструктура и комуникации. Оваа активност ќе се реализира од страна на професори и студенти на втор циклус студии на Шумарскиот факултет од Скопје.