Одржана третата работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Макеоднија
На 11 и 12 декември во х.Манастир во Берово се одржа третата работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, со цел заеднички да се споделат искуствата од втората година од имплементацијата на Програмата. Покрај Проектниот тим за координација на Програмата, на работилницата присуствуваа претставници од Програмските партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за планирање на просторот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и Шумарскиот факултет- Скопје, како и претставници на донаторот Швајцарската амбасада во Макеоднија.
Oд страна на Проектниот тим за координација, како и од страна на сите партнери беа презентирани постигнатите резултати од втората година на имплементација на програмата и беше направена анализа на процесот на имплементација и координација на Програмата, како и планираните активности за 2015г
Од старна на присутните беше искажано задоволство од текот на имплементацијата на планираните активности за 2014 година, како и од соработката на ПТК со проектните партнери. За одредеи потешкотии заради кои дел од активностите се реализираат со побавно темпо заеднички беа анализирани и предложени решенија.
Во следната година поголем фокус ќе биде ставен на промотивните активности и реализација на конкретни видливи акции, со цел Програмата да се доближи повеќе до крајните корисници