Посета на амбасадорот на Швајцарската конфедерација на локалната канцеларија на ПЗП во Македонија
На 17 јуни 2014 година, амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Република Македонија Н.Е. Стефано Лазарото оствари работна посета на Пехчево. Во рамки на работната посета, амбасадорот ја посети и локалната канцеларија на Програмата за зачувување на природата во Македонија. За време на посетата, координаторот за локални активности, Јасминка Пашалиска-Андоновска, го запозна амбасадорот со целите на програмата, тековните активности за зачувување на природата во Брегалничкиот регион, како и за соработката на Програмата за зачувување на природата во Македонија со останатите два проекти кои се реализираат во Брегалничкиот регион со поддршка на Швајцарската конфедерација: Проектот за управување со речниот слив на Брегалница и Проектот за еколошка едукација во Брегалничкиот регион.
Амбасадорот Стефано Лазарото при посетата на локалната канцеларија изрази задоволство изрази задоволство од реализацијата на досегашните активности на Програмата во Брегалничкиот регион и посака и понатамошен успех во реализацијата на програмските активности.