10
Јул
2014

Продолжуваат активностите за зачувување на агробиолошката разновидност во Брегалничкиот регион

slivi

Во периодот од 14 до 18 јули 2014 година, се реализира втората мисија на професорот Ханс Рамсеиер од Универзитетот за применети науки во Берн, како дел од програмската активност  на Програмата за зачувување на природата во Македонија  која се однесува на Одржливо земјоделство и зачувување на агробиодиверзитетот. Проектниот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија заедно со професорот Ханс Рамсеиер имаше неколку работни средби на национално и локално ниво со: Здружението на агро економисти на Македонија, кои се задолжени за подготовка на експертскиот елаборат за земјоделство како дел од Просторниот план  за Источниот плански регион, ЈП Македонски шуми, Македонско еколошко друштво (МЕД), Институтот за ориз во Кочани,  Здружението на пчелари од Виница, Здружението на органски производители на овошје Аронија. За време на престојот во Брегалничкиот регион тимот имаше можност да посети  неколку парцели на кои се одгледуваат стари сорти на овошки.jabolki

Како резултат од двете посети што беа реализирани од страна на професорот Ханс Рамсеиер и добиените информации за моменталната состојба, ќе бидат дефинирани следните чекори кои ќе се реализираат во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија во делот за зачувување на агро биолошката разновидност.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...