Потпишан договорот за изработка на „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“
Центарот за развој на Источен плански регион и Деконс – ЕМА го потпишаа договорот за изработка на „Анализа на недостатоци во еколошките податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за подрачјето на сливот на река Брегалница“. Со изработката на овие документи ќе се овозможи идентификација, квалитативна анализа и валоризација на биолошката разновидност во регионот и ќе се дадат насоки и препораки за нејзино зачувување и одржливо користење. Резултатите од овие анализи ќе се искористат за изработка на експертскиот елаборат за природно наследство во рамките на просторниот план за Источен пласки регион. Со спроведувањето на оваа активност Програмата за зачувување на природата во Македонија ќе придонесе кон воспоставување на база на податоци за составот, состојбата и распространетоста на биолошката разновидност во регионот како и одредување на најзначајните подрачја за заштита во Брегалничкиот слив.