Потпишан договорот за изработка на „Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024)“
Центарот за развој на Источен плански регион и Идеа О.К. потпишаа договорот за изработка на „Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024) со што и официјално ќе се започне со спроведување на оваа програмска активност од Програмата за зачувување на природата. Изработката на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024) ќе вклучува и изработка на Студијата за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во ИПР. Со изработката на овие два стратешки документи ќе се даде оцена на досегашниот туристички развој во Источниот плански регион, а воедно ќе се предложат и насоки за иден развој на туризмот во следните 10 години кои ќе се засноваат на принципите за одржлив развој.