17
Фев
2014

Прв состанок на Партиципативните тела на општините за подготовка на Просторниот план за Источнниот плански регион

PP_sostanok2_1000x667На 17.02.2014 година во Штип се одржа првиот состанок на Партиципативните тела на општините за подготовка на Просторниот план за Источниот плански регион. Покрај членови на Партиципативните тела од скоро сите општини од регионот, на состанокот присуствуваа и претставници од Секторот за просторно планирање при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за планирање на просторот, Центарот за развој на Источниот плански регион, како и претставник на Проектниот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Претставникот на Агенцијата за планирање на просторот ги објасни чекорите во подготовката на просторниот план, неговото значење за целокупниот развој на Источниот плански регион, како и обврските кои ги имаат Партиципативните тела и нивната улога во целокупниот процес. Од големо значење за успешна реализација на процесот е соработката меѓу Партиципативните тела и Агенцијата за планирање на просторот.

Изработката на Просторниот план е една од програмските активности на Програмата за зачувување на природата во Македонија, а како проектни партнери се вклучени Агенцијата за планирање на просторот, Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за развој на источниот плански регион. Овој стратешки документ вклучува изработка на 17 секторски студии, како и Aнализа на недостатоци во еколошките податоци за подрачјето на сливот на река Брегалница и еколошка мапа на сензитивност.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...