12
Фев
2014
Одржан третиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија
На 12.02.2014 година во Штип се одржа третиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија. На состанокот беа присутни членовите на Управниот одбор од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и SDC (SCO Mакедонија) како и членови на Проектниот тим за координација. На состанокот беа усвоени Нацрт годишниот извештај за 2013 година, Нацрт годишниот оперативен план за 2014 година, како и нацрт концептите за реализација на дел од програмските активности.