12
Фев
2014
Досегашните резултати од Програмата презентирани пред градоначалниците
На 07.02.2014 година во Пробиштип, на редовната седница на Советот за развој на Источниот плански регион, пред градоначалниците од регионот беa презентирани постигнатите резултати во првата година од реализација на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Националниот тим лидер Марјана Шушлевска исто така ги запозна градоначалниците и со Нацрт оперативниот план за 2014 година и предвидените активности кои ќе бидат реализирани во Источниот плански регион.