12
Фев
2014
Трет состанок на Управниот одбор
На 12.02.2014 година во Штип ќе се одржи третиот состанок на Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија. На состанокот ќе биде презентиран Нацрт годишниот извештај за 2013 година, Нацрт годишниот оперативен план за 2014 година, како и нацрт концептите за реализација на дел од програмските активности. Управниот одбор на Програмата за зачувување на природата во Македонија е составен од претставници на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Центарот за развој на Источен плански регион и SDC (SCO Mакедонија)