16
Дек
2015

Одржана четвртата работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македoнија

DSC_0051_1000x667partneri

На 16 и 17 декември во х.Манастир во Берово се одржа четвртата работилница со партнерите на Програмата за зачувување на природата во Македонија, со цел заеднички да се споделат искуствата од третата година од имплементацијата на Програмата, како и да се дадат насоки за дејствување во следната година. Покрај Проектниот тим за координација на Програмата, на работилницата присуствуваа претставници од Програмските партнери: Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за планирање на просторот, Центарот  за развој на Источен плански регион и Шумарскиот факултет- Скопје, како и претставници на донаторот Швајцарската амбасада во Македoнија.

DSC_0041_1000x667partneri

Од страна на Проектниот тим за координација, како и од страна на сите партнери беа презентирани постигнатите резултати од третата година  на имплементација на програмата и беше направена анализа на процесот на имплементација и координација на Програмата, како и планираните активности за 2016г.

Од страна на присутните беше искажано задоволство од текот на имплементацијата на планираните активности за 2015 година,  со оглед на фактот што во споредба со предходните години имаше најголема динамика и обем на реализација. Соработката  на ПТК со проектните партнери е подигната на повисоко ниво и како резултат на тоа реализацијата на активностите е со забрзано темпо.

Во следната година треба да се заокружат активностите предвидени во првата фаза од имплементација на Програмата, вклучително и промотивните активности за резултатите и конкретните видливи акции.

You are donating to : Greennature Foundation

How much would you like to donate?
$10 $20 $30
Would you like to make regular donations? I would like to make donation(s)
How many times would you like this to recur? (including this payment) *
Name *
Last Name *
Email *
Phone
Address
Additional Note
paypalstripe
Loading...